Јанева денеска од Шутка со полициска придружба ќе оди на погребот на нејзината мајка

По тричасовен распит во Кривичниот суд , шефицата на СЈО во Оставка , Катица Јанева синоќа беше пренесена во затворот во Шутка. Денеска таа со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор за случајот ,,Рекет”, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close