Утрово починала мајката на Катица Јанева

Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката објави Слободен Печат.

Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.

ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.

Извор: Сител телевизија

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close