Сончево и топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 34 Целзиусови степени, Крива Паланка 31, Берово 30, Кавадарци 35, Битола 33, Охрид 30, Маврово 31, Дојран 35.

Прогнозата за утре е претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и дневни температури од 31 до 38 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close