ИРЛ со серијал видео прилози за Нефи Усеини

Неколку дена „Истражувачката репортерска лабораторија“ на наградуваната новинарка Сашка Цветкоска објавува видео прилози посветено на советникот Нефи Усеини.

Видео прилозите се со сериозна содржина и се однесуваат на активностите на советникот и дивоградбите со ко стана присутен во јавноста, но има и блок во кој на еден сатиричен и хумористичен начин се исмева општеството кое дозволило да стигне до оваа точка.

Во видеото се прикажани ексклузивни видео снимки направени при посета на турскиот Претседател на парламентот ( настан на кој не беа покенти новинари ), потоа видливо е дека подолг временски период се снимани работниците кои работеле на објектите на Усеини ( пред се кај чинарот ) и бетоснката база. Во видео материјалот се прикажани и снимки од борби со кучиња, но има и фотографии од приватниот живот на Усеини ( на кои нема ништо противзаконско ) како што се тие од одмор поркај море. Материјалите со кои е илустриран прилогот покажуваат дека истражувачките новинарски центри од Скопје, кои се финансираат со странска ( западна ) помош,  долг период и темелно работат на случајот Нефи Усеини.

Нефи Усеини претходно изјави дека е жртва на осмислена медиумска хајка осмислена од центри во власта која има за цел негово политичко уништување заради неговата политичка тежина и бројот на гласови кој го освојувал на избори, а во јавноста приложи и договор на кој стои неговиот и потписот на Томислав Тунтев во кој Тунтев се обврзува на серија вработувања кои требало да ги добие Нефи, што пак исто така е кршење на закон. Противзаконските обврски кои ги презел Тунтев во тој договор медиумите речиси и да ги игнорираа.

Новинарката Сашка Цветкоска е позната по серијалот прилози за сметките и фирмите во Швајцарија на Орце Камчев и Сашо Мијалков, новинарско истражување кое во темели ја растресе поранешната власт на ВМРО ДПМНЕ.

ВИДЕО ОД ПРИЛОГОТ

ВИДЕО ОД САТИРИЧНИОТ МАТЕРИЈАЛ

Лепи во маалски муабети објаснува како одлучија со другарчето да не "унесат у Европа" со многу работа и труд

Posted by Investigative Reporting Lab Macedonia on Monday, August 19, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close