Мицкоски се сретна со Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија и претставници од ИРИ.

На средбата се дискутирало за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија како и за можните форми на соработка и потенцијалите
кои постојат.

Мицкоски ја истакнал бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Посочил дека Законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тој мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт.

Исто така посочил дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.
Одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продлабочи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close