ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега, Павло Климкин, дека одбивањето на Киев да им дозволи на руските набљудувачи присуство на изборите е спротивно на принципите на земјите-членки на ОБСЕ, изјави Борис Гандел, портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи, за „Спутник“.

Ја сфаќам сложеноста на актуелната ситуација во односите меѓу Киев и Москва, но сакам да ве замолам да ги почитувате принципите што ОБСЕ ги применува повеќе од една деценија и со тоа да придонесете кон демократскиот процес и следењето на изборите кои се од најголема важност за понатамошнниот развој на вашата земја”, му рекол Лајчак за Климкин на состанокот во неделата во Брисел.

Двајцата министри се сретнале во Брисел пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ и разговарале за актуелната ситуација во Украина и нејзиното соседство, со акцент на претстојните претседателски избори во Украина во март.

Изборите во Украина се закажани за 31 март, а изборната кампања почна на 31 декември 2018 година заедно со регистрацијата на кандидатите. Украинската изборна комисија објави дека за претседателската трка се пријавиле 40 кандидати, што е нов рекорд.

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ планира да побара до 56 земји-членки на ОБСЕ, вклучувајќи ја и Русија, да учествуваат во краткорочната мониторинг- мисија на претстојните претседателски избори во Украина со вкупно 750 монитори.

Украинскиот претседател Петро Порошенко, сепак, рече дека ќе ѝ наложи на украинската државна погранична служба да не им дозволи влез на руските набљудувачи, а Украинскиот парламент подоцна го усвои предлог-законот за забрана претставниците на Русија да ги следат изборите во Украина.

Директорот на ОДИХР, Ингибјорг Солрун Гисладотир изрази жалење поради одлуката на Киев, а рускиот заменик-министер за надворешни работи, Григориј Карасин, истакна дека Москва ќе го брани своето право да ги следи изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close