Рускиот министер за одбрана: Не сакаме да ги плашиме САД, летовите на бомбардерите беа планирани

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските стратешки бомбардери „Тупољев 160“ минатата недела извеле планирани летови до Чукотскиот автономен регион и потенцира дека целта не била  застрашување на САД.

– Ние го правиме тоа што го правевме и претходно. Нашите стратешки бомбардери од долг досег почнаа да спроведуваат летови до областите до кои летаа и во минатото. Летовите беа изведени според однапред предвиден распоред – рече Шојгу, коментирајќи го тоа што двата бомбардера „ТУ-160“ одлетаа до аеродромот во Анадир и се вратија во Сараватовската област, на југот на Русија.

Во интервју за телевизијата „Русија 24“ Шојгу додаде дека САД биле свесни за летовите на руските авиони.

– Како е можно застрашување на своите соседи со употреба на стратешки бомбардери? – се запраша рускиот министер за одбрана.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека, во рамки на своите тренажни активности, упатило два бомбардера „ТУ-160“ , што можат да носат нуклеарно оружје, на рускиот Далечен исток, наспроти Аљаска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close