Сончево со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close