(ФОТО) Отворен фестивалот ,,Пображење”

Синоќа на отворената летна сцена на новиот Анфитеатар во Вевчани, свечено беше ОТВОРЕН 9-тиот ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНА КУЛТУРА ,,ПОБРАЖЕЊЕ”- ВЕВЧАНИ. Фестивалот за отворен го прогласи Др.Владимир Боцев претставник од Музеј на Македонија, а народната култура од своите земји презентираа фолклорни ансамбли од: МАКЕДОНИЈА, ГЕРМАНИЈА, ЕСТОНИЈА, СЛОВАЧКА, ХРВАТСКА. Пред свеченото отворање, учесниците со музика и танци со фестивалско дефиле ги развеселија улиците низ Вевчани, а Вевчанци традиционално со бокал вино пред куќите ги поздравуваа драгите гостите уметници. На свеченото отворање организаторите приредија и голем огномет како поздрав за сите учесници и за многубројната публика. Новиот анфитеатар синоќа беше претесен да ги прими сите Вевчанци, гости и љубители на народната култура. Уживајте во атмосферата на Пображење во Вевчани преку нашата фото галерија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close