Лазе Танески и делегација на СДСМ Охрид се поклонија на Славеј Планина

Партиска делегација предводена од Лазе Танески, претседателот на ОО СДСМ Охрид денес положи свежо цвеќе и се поклона пред споменикот на Славеј Планина во славна Дебрца каде се одбележа 76 годишнината од формирањето на батаљонот ,,Мирче Ацев” – Првата регуларна единица на Македонската народноослободителна војска.

Овој ден 18 Август се прославува и како Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Северна Македонија ! – стои во честитката лиферувана од СДСМ Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close