Ново убиство на метро-станица во Германија

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се работи за „насилство во врската“.

На лице место уапсен е 43-годишен маж, кој е осомничен за нападот над 32-годишна жена и помладо момче на возраст од 23 години, пренесе АП.

Во Германија изминатите недели се случија уште две убиства во метро станици. Осумгодишно дете загина на 29 јули во Франкфурт, кога под воз го турна 40-годишен маж, од Еритреја, кој живее во Швајцарија и сега е на психијатриско лекување.

Претходно, на 20 јули во Ферде, 34-годишна жена ја турна под воз 28-годишен пријател.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close