Од септември зголемување на платите за просветните работници

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) вчера ја поздрави одлуката на Владата и Министерството за труд и социјална политика да ја зголемат платата на вработените во градинките.

Сметаат дека платите на просветните работници се под просекот на просечната плата во државата. Бараат од Владата и од Министерството за образование и наука зголемувањето на платите на просветните работници да биде слично или исто како зголемувањето на вработените во градинките.

– Знаеме дека подолг временски период платите на наставниците стојат во место, освен едно мало зголемување што имаше претходната година од пет отсто. Во изминатиот период такви зголемувања речиси не постоеја, изјави потпретседателот на НСОН, Енвер Ајдини пред просториите на Министерството за образование и наука.

Додаде дека најавеното зголемување на платите од пет отсто на просветните работници не е решение на проблемите во образованието. Тој посочи дека наставниците се на маргините на егзистенцијата и нивната мотивација во работата се намалува.

Наместо наставникот да се насочи кон својот професионален и кариерен развој, како што рече, тој повеќе е насочен на тоа како да ги подмири сметките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close