Иницијатива пристаништето пред „Палас“ да се врати како што било во минатиот век

И Охрид да има барем една слободна ( бесплатна ) плажа !

Нуркачот Никола Паскали од клубот Акватек преку социјалните мрежи пласира една интересна иницијатива со која се предлага просторот кај некогашното пристаниште пред „Палас“ да се уреди како што бил во минатиот век и да ја има истата намена.

Овој предлог на Никола Паскали предизвика лавина позитивни реакции на Фејсбук и по се изгледа им се допаѓа на граѓаните на Охрид.

Просторот пред „Палас“во минатиот век бил уредено капалиште и претставувал свратилиште каде бесплатно и слободно секој граѓанин или турист можел да ужива во езерото, да се разладува, или спортува без да се плаќаат лежалки или да мора да пие кафе или сок за да седи на плажата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close