Армијата го одбележува 27-от роденден

Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.

На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, со пригоден говор ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од највисокиот државен и воен врв на земјава, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, претставници на дипломатскиот кор, институции со кои соработува Армијата и други.

На одбележувањето на роденденот на Армијата ќе присуствува и командантот на Националната гарда на Вермонт полковник Грегори Најт кој е во повеќедневна посета на земјата и по повод одбележување на уште еден јубилеј –  25 години од билатералната соработка.

-Ние сме тука и секогаш даваме поддршка за вашето членство во НАТО и истовреме очекуваме да станете 30-та членка на Алијансата, порача полковник Најт кој најави дека во следниот период планираат да го зголемат нивото на соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close