Кој охриѓанецот кој ќе ја води „Орка Холдинг“?

Охридското банкарско чудо – човекот што се истакнал на сите скалила во банкарската хиерархија на „Сосиете Женерал“ во земјава и во Албанија сега е соочен со нов голем предизвик – да ја води „Орка Холдинг“ фирмата која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни компании членки на холдингот што го поседува семејството Камчеви, објави faktor.mk.

Амбициозен, регионално успешен банкар, чии менаџерски и финансиски вештини се препознаени и признаени на високи директорски позиции во најголемата француска банкарска групација „Сосиете Женерал“. Човекот што се печел на сите скалила во хиерархијата на македонската аквизиција на „Сосиете Женерал“. Антоније Мариноски, 47 годишен охриѓанец, оженет и татко на две деца, е новиот Извршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“ компанија која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни фирми.
Мариноски на местото Извршен член на Одбор на директори во „Орка Холдинг“ доаѓа од позицијата член на Управниот одбор во „Охридска банка Сосиете Женерал“ на која бил од февруари годинава. Јордан Камчев останува на позиција Престедател на Одборот на директори на „Орка Холиднг“ и неизвршен член на директорскиот борд, со што практично го контролира холдингот, објави faktor.mk.

Текстот во целост на: faktor.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close