Започнува 31 издание на манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово“

Интернационлната поетска манифестација, “Поетска ноќ во Велестово“, вечерва со почеток во 21 часот ќе го има своето 31. издание, на сретсело, на чешма, со настап на вокалистката Зарина Првасевда и Александар Петров, како специјална придружба со тапан.

Годинешнава манифестација ќе биде посветена на поезијата на Иван Џепароски. За неговото творештво ќе беседи проф. д-р Наташа Аврамовска, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Владимир Јачев. По претставувањето на поетскиот портрет на Иван Џепароски, во 22 часот во тремот на црквата Успение на “Св. Богородица“ ќе биде отворена изложба на академската сликарка Воскресија Андреевска.

Годинешната програма, по пауза од една година, повторно е со интернационален карактер со учество на поетесата Поли Муканова од Бугарија и Џери Марфи од Република Ирска.

Годинава е обновена соработката со Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, а учесниците на семинарот ќе бидат гости  на престижната поетска манифестација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close