OK ВМРО-ДПМНЕ: Месеци не работи лифтот во болницата во Охрид – пациентите треба да се носат на раце по скали до одделенијата?

Откако СДСМ е на власт здравството од ден на ден тоне.

Во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид веќе месеци не работи лифтот во стариот дел каде што се Одделот за интерна медицина и Одделот за педијатрија. Дали за директорката Славица Малеска-Стојадиновиќ и менаџерскиот тим пациентите треба да се носат на раце по скали до одделенијата?

Зарем во 21 век пациентите на оваа здравствена установа тоа го заслжуваат?

Дали за СДСМ ова значи достоинствено место за лекување и медицинска здравствена заштита на највисоко ниво?

Апелираме веднаш лифтот да биде ставен во функција и здравјето на пациентите во прв план. За евентуалните последици по здравјето на граѓаните раководството на Болницата треба да знае дека ќе има одговорност. Ова е класичен доказ за несовесното раководење на Болницата од страна на власта на СДСМ на којашто воопшто не и е приоритет здравјето на граѓаните.

Останаа само празни зборови ветувањата на СДСМ за квалитетно јaвно здравство по теркот на европското, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид кое се однесува на здравството и состојбата во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close