Мицкоски: „Ве молам за трпение, чекор, по чекор да си ја ослободиме татковината“

По денешната прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНе Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите:

Прашање: Господине Мицкоски во вашиот говор поставивте прашања до премиерот Зоран Заев, меѓутоа и на вас ви поставуваат прашања во името на опозицијата гледаме дека и во јавноста веќе се шпекулира дека имате некакви средби или сте имале со еден од осомничените Зоки Кичеец па дури и се споменува и некакви си земања на пари, но дали има ли вистина во тоа и второто прашање е во однос на изборите кои што ги споменувате се погласни се информациите за некаков можен договор со СДСМ за избори во контекст на она што го спомнавте компромис за одредени криминали?

            Христијан Мицкоски: Мислам дека во овие речиси дваесет месеци откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ своите принципи ги бранам и опстојувам на тие принципи затоа што верувам дека врз основа принципиелна политика можеме да стигнеме до крајната цел честито и чесно. И така и ќе продолжам да функционирам и во иднина. Тоа што го говорам на пресовите на јавните настапи, дека немам намера за никаква амнестија за сторен криминал без разлика од кого ќе дојде, без разлика дали бил или е од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или останатите политички партии. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи обновата на Република Македонија и ќе бори безкомпромисно против сиот криминал од минатото, но Бога ми од оваа влада. А ќе застане на потенцијалниот криминал на пат во иднина, затоа што Македонија повторно нема да има шанса, затоа ние неопходна правда и вистинска правдина во Република Македонија, почитување на законите и Уставот. Ми поставивте прашање дали и како сум се среќавал со луѓето кои што се дел од  овој мега скандал од овој Октопод, рекет кој памет речено тие самите така си го брендираа, вие знаете дека на првоосомничениот го честитав роденденот од почит спрема медиумите вклучително и таа телевизија на која што тој беше сопственик, сум се видел и со останатите кои што се дел од оваа афера. Но, она што можам да го кажам, а е и јасен одговор на вашето прашање е дека било каков доказ, било каков доказ за мое инкриминирање во насока на она бедно шпекулирање со поставување на прашање на оваа октопод влада,било каков доказ, ги охрабрувам уште денеска веднаш да го објават, доколку постои таков доказ јас сум подготвен на одговорност уште денеска веднаш. Во спротивност очекувам самите да си дадат одговор на тоа прашање и да се извинат. Јас ги разбирам дека ќе се обидат преку прашања да ми се обратат затоа што ќе сносат одговорност пред законите ако директно ми се обратат, ќе се обидат преку прашања да создадат мистика во јавноста дека еве Мицко бил замешан, дека овој бил ваму, дека овој бил тоа, тоа мене ми е јасно, ја знам таа матрица на луѓе која што тоне од ден на ден и која што се обидува со себе да ги повлече сите останати. Но за жал, во нивна жал, а за среќа на граѓаните на Република Македонија жестоко ќе бидат поразени на следните предвремени парламентарни избори и ќе треба да се соочат и да понесат одговорност за се ова што направиле изминатиов период. Што се однесува до предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период во неколку наврати побара предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ стои дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро, но ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе повторам знае дека за тоа да се случи се потребни 61 пратеник во Собранието кои ќе изгласаат. За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ги нема тие 61 пратеник. Затоа ги повикуваме од владејачкото мнозинство да не се кријат позади некоја си виртуелна агенда, да не се кријат позади некоја си празна и опљачкана економија, да се охрабрат да излезат на предвремени парламентарни избори час поскоро и да видиме дали навистина блескаме или блеска само кругот околу владејачкото мнозинство. А сите останати мака мачат со реалните проблеми кои што се денеска за жал секојдневие во Република Македонија, и ги допираат сите граѓани без разлика на нивната политичка или етничка припадност.

            Прашање: Господине Мицкоски рековте дека и до Вас стигнуваат пораки за организирање бунт, но рековте и да не се избрзува со неодговорен отпор. Кажете ми размислува ли ВМРО-ДПМНЕ за протести и за блокирање на институции, директно Ве прашувам? И второ прашање ми е дали од последната прес конференција кога бевте оптимист, а „Рекет“ не беше излезен во јавноста, сега повторно сте оптимист?

           Христијан Мицкоски: Еве ќе се обидам и на двете прашања едно по друго да одговорам, како ВМРО-ДПМНЕ како Коалиција „За подобра Македонија“ логично е дека имаме подолгорочна стратегија за политичко делување. И таа стратегија најголемиот дел од нашите сограѓани успеваат да ја препознаат, да ја видат, оддаваат поддршка, но има определена група нели која што или свесно или несвесно не успеваат да ја препознаат таа стратегија. И навистина жалам, и никого тука не можам да обвинам, но политиката е таква да не секогаш ние можеме нашите чекори однапред ги соопштуваме. Едноставно некои работи зависат и од дневната, неделната, месечната динамика. Но она што го кажав и на прес конференцијата дека падот односно слободниот пад на овој криминален октопод на власт е започнат. И тука не треба никој да има дилема. Но во многу наврати во минатото сум зборувал еве и тоа ќе биде дел како одговор на Вашето прашање политичката стратегија и битка не ја замислував брз спринт на сто метри. Нити пак некој во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нити пак од нас некој очекува брз спринт и пораз на сто метра, туку очекуваа тежок маратон. Целта на тој маратон пред година и половина, пред 20 месеци не се гледаше, но денеска јасно се гледа таа цел и тука немаме никаква дилема ниту внатре во партијата, ниту пак на средбите со нашите сограѓани. Истовремено реков дека нема да војувам со туѓи синови во извесна иднина. Туку ветив победа на крајот од овој маратон. Не сакам да ги повтори ВМРО-ДПМНЕ, како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ грешките од подалечната но и од поблиската историја. Но истовремено не сакам да се повторат определени опозициски дејствувања кои што завршија со неуспех во соседството од изминатиов период. Затоа ни е важно овој маратон да го истрчаме трпеливо и мудро, и секој оној кој што е доволно храбар, секој оној кој што сака да му пркоси и да се спротивстави на овој режим кој што притиска во Република Македонија е добредојден во нашиот маратон. Го трчаме последниот круг, целта јасно се гледа, сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, па и политичка припадност, разочарани од Зоран Заев и од СДСМ се добредојдени. Ве молам за трпение, чекор, по чекор да си ја ослободиме татковината. Реков во една прилика да ставиме на брза лента и да ја внесеме онаму каде што припаѓа, а тоа е семејството на европските народи. Тоа е нашата стратегија. Затоа внимателно и мудро. Ме прашавте дали сум оптимиста, јас секогаш сум оптимиста затоа што иднината, европската иднина е интерес на нашите сограѓани. И се што е наша моќ како ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористиме во периодот кој што следи, да помогнеме во реализација на таа цел на нашите сограѓани, а тоа е Македонија да ја видат во семејството на европските народи, во Европската Унија.

            Прашање: Господнине Мицковски велите дека премиерот Зоран Заев го штити криминалот во Рекет и го подржува, дали со тоа имплицирате дека и обвинителката која го води случајот Вилма Русковска и обвинителството практично го прави истото бидејќи велите Јанева треба да е во притвор треба да е предмет на истрага и второ зошто сте се гледале со Зоки Кичеец.

            Христијан Мицкоски: Сум се гледал со сите слободни граѓани во Република Македонија секој кој  што ми пристапил и побарал средба со мене сум се гледал со илјадници наши сограѓани, но суштината е дека тој Зоки Кичевец на Мицко на рака му дал пари ете тоа е вака суштината да бидеме јасни и транспарентни и која е интенцијата на СДСМ и на тој начин сега сакаат да го вовлечат Мицко во целата оваа рашимунијада наречена „Рекет“. Дури до мене стигнаа информации дека дел од властодршците додека овој осомничен е таму каде што е му приоѓаат со понуда за милост да даде ваков исказ. Затоа јас велам еве дајте доказ дека тоа се случило, дека јас сум посегнал по такво нешто дека се случило тоа инкриминирачко дејство, јас сум подготвен одма да понесам одговорност доброволно во истражниот затвор да се пријавам не треба Русковска не треба Реџип Агиќ сам ќе се пријавам еден доказ да дадат. Во спротивно треба да ги повлечат тие прашања, и да дадат нови прашања пошто за овие еве добија одговор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close