Донев: Катастрофална е реализацијата на буџетот на општина Охрид

Катастрофална е реализацијата на буџетот на општина Охрид и во овој период од годината кога станува збор остварувањето на ветените проекти пред граѓаните.

До кога локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески планира да користи ЌЕ, заложба на општината е, реализацијата на програмата ќе придонесе за…?

Имено, имаме околу 20% реализација на Програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта, само 16% реализација на Програмата за туризам и најскромна реализација од само 10% за Програмата за локален економски развој кој всушност треба да биде моторот за економските активности во Охрид, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Хаосот со сообраќајот во Охрид го отсликува тоа што ништо не е сработено, односно 0% за изработка на сообраќајна студија и 0% за изработка на сообраќајни проекти и сообраќајни решенија.

Граѓаните се’ уште чекаат преприклучување на водоводната мрежа и изградба на нова водоводна линија на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“.

Зошто нема ништо од изградба на улична фекална канализација на дел од „Туристичка“ од бензинска пумпа Окта до улица „Ариф Мустафа“?

Нема ништо од преприклучување на нова фекална канализација и изградба на улична фекална и атмосферска канализација на „Абас Емин“ и  изградба на атмосферска канализација на улица „7 Ноември“.

Реконструкцијата на улиците „Асном“ и „7 Ноември“ како ветени проекти ќе почекаат подобри времиња.

СДСМ и Георгиески немаат никаква успешност во реализација на Буџетот и остварување на програмите и зацртаните активности за овој период.

Со СДСМ и Георгиески охриѓани не може да очекуваат проекти за подобра иднина, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close