Дачиќ: САД нема да ја играат водечката улога во дијалогот со Косово

epa07774740 Serbian Foreign Minister Ivica Dacic attends a press conference with his Japanese counterpart Taro Kono (not pictured) after their meeting in Belgrade, Serbia, 15 August 2019. Foreign Minister Kono is on an official state visit to Serbia. EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најави дека Соединетите држави нема да преземат водечка улога во дијалогот Белград – Приштина.

Дијалогот ќе го води Европската унија, но САД ќе сакаат компромисното решение за Косово да се користи на претстојните претседателски избори во земјата.

Првиот дипломат рече дека двапати разговарал со американскиот советник за национална безбедност   Болтон и дека никогаш не прецизирал дали неговата земја ќе ја поддржи поделбата на Косово или има некој друг концепт.

„Соединетите држави ја поддржуваат нашата желба да постигнеме компромис. Ова е огромна разлика, бидејќи претходните администрации не сакаа ниту да зборуваат за тоа и рече дека прашањето е затворено“, нагласи Дачиќ.

Потсетуваме дека порано косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека пријателството со западните сојузници е вечно.

Нашите односи со партнерите се засноваат на искреност, а не на потчинување. Благодарение на ваквите посебни односи, Косово создаде своја армија и беше спречен распадот на земјата, рече Харадинај.

Основањето на косовската армија , Србија го сфаќа како предизвик. Тензиите меѓу двете земји откако беа подигнати царинските давачки на Косово врз српската стока, која го изгуби овој значаен пазар за српската економија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close