Еден ден по поставувањето, демолирана новата табла на „Воинот на коњ“

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека таблата што беше ставена на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ како дел од обврската од договорот од Преспа е падната.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Не се знае дали плочката, која треба да појаснува дека споменикот е дел од хеленската култура е насилно извадена или самата се одлепила.

Вчера почна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Кутлеш од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа.

Инаку, поставувањето на оваа табла е обврска согласно Преспанскиот договор, кој го потпишаа македонската и грчката влада со цел затворање на спорот за името.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close