Што се случува во СЈО, еднаш ја фалат Јанева за после сочно да ја плукаат

Афективнатата реакција на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, со „плукање кон безбедносната камера и со сочна пцовка” поради наредбата на специјалната обвинителка Катица Јанева за претрес на вработените при влез и излез во СЈО, изненадувачки одекна во јавноста. Особено што токму Фетаи во гостувањето на 1 ТВ на 17-ти јуни годинава, лично застана во одбрана на Јанева, објави dw.com.

„Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам, и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција“, изјави Фетаи.

При очи слепи?

Таа вчера не беше во можност да разговора за случката. Извори од СЈО велат дека афективната реакција и „пресвртот“ најверојатно се должат на фактот дека можеби немала информации за „мотивите“ за дружбата на Јанева со сега првоосмничениот во  „Рекет“  Бојан Јовановски, со оглед дека била дел од групата обвинители кои со „голем пиетет“ дошле на роденденската прослава на 1ТВ на 30-ти март годинава.

Од друга страна, нашите соговорници тврдат дека внатрешното дистанцирање на одредени обвинители од Јанева, наводно започнало уште пред неколку месеци кога се интензивирале шушкањата околу мотивите за контраверзната и интензивна комуникација на Јанева со Јовановски, неговите посети на  СЈО,  но и нивните чести дружби во еден угостителски објект.

„Некои од обвинителите уште во почетокот на годината беа свесни дека има некаков проблем, некои не. Не можам да тврдам дали навистина не го виделе проблемот или не сакале да видат. Дел беа убедени дека причината за таа дружба е што на Јанева ѝ годело да биде во ‘високото друштво’, иако баш и немаа аргументи да објаснат по кои основи Јовановски би требало да го третираме како некаков општествен крем“, вели извор од СЈО, објави dw.com.

Текстот во целост на dw.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close