Голем народен собир во Свињишта за „Голема Богородица“

По повод големиот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“, во народот попознат како „Голема Богородица“, кој се прославува на 28 ми Август,  во селото Свињишта ќе се одржи голема прослава со Дарко Стојаноски и Владо Костески.

Црковниот одбор ги поканува сите верници да го посетат светото место кај манастирот.

Инаку меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот „Голема Богородица“. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close