Пожарот во Велмеј уште еднаш покажа дека само заедно може да се победи се

Од секогаш сме стоеле на ставот дека и доброто и лошото треба да се обелоденат. Овојпат огромно браво за општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески кој што ја стави на располагање целокупната механизација со која располагаат јавните претпријатија и даде огромен придонес во гаснењето на пожарот во Општина Дебрца.

Денеска и лично градоначалникот придружуван од директорите на Јавните претпријатија беа во Велмеј да ја согледаат ситуацијата и да помогнат. Кога го прашавме дали има фотографии Георгиески се најсмевна и рече:

„Јас бев да гаснам, не да се сликам“.

Секако за пофалби се и Охридските пожарникари кои од неделата беа стационирани во селото гаснеа, а преку ноќта будно ја следеа ситуацијата и во голема мера им дадоја верба на мештаните дека не се сами.

Инаку денеска конечно жителите се мирни. Од Месната заедница само велат:

„Огромно благодариме на сите кои несебично помогнаа“.

За потсетување  пожарот во Велмеј избувна во неделата околу 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума.  Во прво време не изгледаше дека е толку сериозно. На терен веднаш излегоа градоначалникот Зоран Ногачески, секако од шумското стопанство, мештаните … но теренот крајно непристапен, па се побара помош од центарот за управување со кризи, кои првично во понеделникот испратија два авиони кои гаснеа од воздух, но по кратко време кажале дека имаат забрана за летање и си заминаа, со најава дека ќе се продолжи следниот ден.

Но, поради силниот ветар и лесно запаливиот терен поради високи температури, се чинеше дека ситуацијата излегува од контрола. Токму поради тоа од МЗ почнаа да бараат помош, најпрво обрајќајки се до центарот за кризи, но не им одговарале на повиците, се до вчера кога мораше да се реагира затоа што огнот се приближи до најблиските куќи и викендички.

Истрагата треба да ги открие причините за пожарот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close