Најбогатото семејство на светот, Валтон, заработува 70.000 долари во минута

Најбогатото семејство на светот, семејството Валтон, заработува 70.000 долари секоја минута.

Додека завршите со читање на овој текст, најбогатото семејство на светот ќе биде побогато за плус 70.000 долари. Тоа значи дека за еден час ќе добијат 4,2 милиони долари, а утре во исто време ќе бидат побогати за 100 милиони долари.

Семејството Валтон е познато како сопственик на американскиот малопродажен синџир „Волмарт“, а во моментов располага со нешто повеќе од 190 милијарди долари.

Лукас Волтон, син на третиот брат Џон, кој починал во 2015 година, располага со богатство вредно 16,7 милијарди долари. Ен Волтон Кроенке и Ненси Волтон Лори, ќерки на соосновачот Волмарт Бад Волтон, тежат по околу 6 милијарди долари. Како и Криси Волтон, вдовицата на Џон Волтон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close