Германија – Техничката рецесија како сигнал за тревога

Така е како е: германската економија само лази. Акционизам сега не помага, туку само мудри постапки. Од политиката и од бизнисот, вели Хенрик Беме за Дојче Веле.

На стопанството му оди лошо и сите се плашат да го изустат злокобниот збор- рецесија. Но, исто така не е од помош да не се види вистината. Во германската индустрија – важен столб на германската економија – одамна има рецесија. Сè повеќе компании сакаат да го намалат своето производство во наредните месеци, и песимистите преовладуваат над оптимистите. Постојат многу причини за тоа, и нив ги знаат сите: во прв ред трговските спорови, но и кризата во глобалната автомобилска индустрија, сè поверојатниот Брегзит без договор , а во последно време и растечките закани на Кина кон Хонгконг. Експлозивна мешавина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close