Во потрага по нарко дилери во Филаделфија ранети шестмина полицајци

Во пукотница во Филаделфија ранети се шест полицајци кои се обиделе да предадат налог за апсење на осомичен за распрoстранување наркотици.

Полицајците биле заглавени кратко време во објектот каде се случила пукотницата, но на местото на настанот синоќа веднаш биле повикани специјалци и ги ослободиле полицајците. Објектот до доцна синоќа беше под опсада и напаѓачот наводно давал отпор и се заканувал со постојани пукотници.

Повеќе објекти во соседството беа евакуирани и полицијата во Филделфија се уште ја расчистува ситуацијата. Оттаму изјавија дека полицајците не се наоѓаат во животна опасност.

Од Белата куќа изјавија дека ја набљудуваат ситуацијата. Претседателскиот кандидат Џо Бајден порача побрзо закрепнување на повредените полицајци.

-Ги испраќаме нашите молитви до полицајците и нивните роднини, изјавија од кампањата на Бајден.

На почетокот на август во САД се случија две трагични пукотници со многу жртви. Во масовната пукотница на 3 август во трговски центар на Волмарт во Ел Пасо, Тексас, загинаа 22 лица а триесетмина беа провредени. Слични пукотница во која загинаа девет лица се случи утредента во Дејтон, Охајо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close