Морина се врати на Косово, Србите лути

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина по излегувањето од притвор, синоча  се вратил во Косово.

Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце. Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија.

Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош.

Морина поседува и британска патна исправа, која му е задржана од Основниот кривичен суд во Скопје со мерките за претпазливост.

Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд.

„Ова е голем срам за меѓународното право, но тоа е уште поголем удар и голема тага за семејствата на жртвите, кои со децении чекаат правда за своите најблиски. Иако сите потребни придружни докази беа доставени до властите на Северна Македонија, одлуката беше донесена спротивно на вистината и фактите. Србија нема да се откаже од потрагата по сторителите на најтешките дела против човештвото, без оглед на нивното национално  или етничко потекло“, се вели во реакцијата на српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close