Општина за „спорниот“ хотел во Лагадин: Доколку инвеститорот не достави докази, следува решение за отстранување на градбата

Охрид 1 испрати прашање во Локалната самоуправа барајќи одговор за тоа:  Какви одлуки и решенија има донесено Локалната самоуправа во врска со хотелот кај Лагадин?

Одговорот на општина Охрид во го пренесуваме во целост:

„Врз основа на Вашето прашање за постапката во врска со хотелот во Лагадин, Ве информираме дека на ден 22.02.2019 година со Решение на градоначалникот на Општина Охрид, Одобрението за градба издадено на 05.12.2016 година се прогласи за ништовно.

На тоа решение, инвеститорот Никола Толески од Пештани поднесе жалба до Второстепена комисија во Министерството за транспорт и врски. Со Решение на Второстепената комисија од 16.07.2019 година, жалбата на инвеститорот се одби како неоснована и со тоа Решението за ништовност издадено од страна на Општина Охрид е конечно.

Врз основа на констатираната состојба, овластениот градежен инспектор од Општина Охрид на 01.08.2019 година во 14 часот изврши нов увид на објектот на лице место. Изготвен е втор контролен записник од извршен инспекциски надзор.

Записникот е доставен до инвеститорот и во рок од 8 дена, од приемот на записникот, инвеститорот има право да се произнесе по однос на записникот и да достави соодветни докази од влијание на постапката, во спротивно следува Решение за отстранување на градбата“, се вели во одговорот на општина Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close