Општина Охрид: Лаги, манипулации и евтин популизам, тоа е добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ

Лаги, манипулации и евтин популизам, тоа е добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ, но на вчерашната прес конференција господинот Сашо Донев, кажа една голем вистина, дека состојбата во образованието е катастрофална, дека санитарните јазли во училиштата се во лоша состојба. Вистина е и дека долги години наназад нашите деца учат во училници, во кои има провев, во кои прокиснуваат таваните, а подовите се распаѓаат. Да, таква е сликата во образованието во Општина Охрид, која што Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ ја оставивте во наследство на оваа локална власт, се вели во реакцијата од Општина Охрид.

Тоа беше нашиот мотив 2019-та година да биде година во која што посебен акцент ставаме на образованието, тоа беше мотивот и за прв пат во историјата на нашата општина да имаме програмата за образование, во која се планирани важни инвестиции во училишните објекти.

Веќе е започната постапка за јавна набавка во износ од 15 милиони денари за промена на азбесните кровови во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во Лескајца, како и во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани и подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата Рача. Преку Центарот за развој на југозападниот плански регион започната е постапка за промена на столаријата во ОУ „Свети Климент Охридски“, а планирано е решавање на долгогодишниот проблем со прокиснување на кровот во објектот нагимнзијата „Свети Климент Охридски“. Исто така со средства на УСАИД и учество од општината, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец.

Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата во тек е и релизирирањето на проектот за изградбата на нова училишна спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”.

Важно е да и објасниме на јавноста дека средствата за кои што нагласувате дека сме дозволиле да се извршат, се повлечени во периодот на одржување на Кампањата за Претседателските и  Предвремените локални избори, кога беше забрането објавување на јавни набавки и исплати.Оваа постапка нема никакво влијание на реализирањето на Програмата за основно и средно образование.

Токму Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ ги штитевте бизнис интересите со добро познатите  доверители и свесно дозволувавте да бидат трошени средствата по разни основи, само да не дозволите намалување на основниот долг кон омилениот доверител и намалување на неговиот годишен принос на камата. Добро е да се знае декаво периодот кога Вие ја раководевте локалната власт, само по основ на камати истиот тој доверител го зголеми своето конто по основ на камати за  84.170.000 денари, односно дневно му била пресметувана камата во висина од 57.000денари.Би Ве запрашале господине Донев, кој беше договорот за вака свесно неизмирување на обрските кон омилените доверители? Без разлика дали ќе имате доблест да одговорите или не, важно е дека тој Вашпринцип на работае завршен, содоаѓањето на оваа локална власт.

Ние како одговорна Локална самоуправа со посветен и одговорен ангажман, долгот на општината го сведовме на историски најниско ниво од 535.000.000 денари. Со 64 доверители постигнавме спогодби за регулирање на долгот, а од 30-ти септември 2018-та година престанаа пресметките на камати по сите основи, за тие доверители.

Согласно зацртаните акциски планови за раздолжување на општината, следната фаза е добивање на согласност од Министерството за финансии за задолжување кон домашни или странски доверители, со цел склучување на спогодби со останатите доверители. Кога ќе заврши овој процес, конечно по 17 години, Општина Охрид ќе биде со одблокирана сметка. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти.

Ние јасно знаеме да ги определиме приоритетите, работиме посветено, одговорно и домаќински за подобрување на условите во сите сфери на општественото живеење во Охрид, а граѓаните најдобро знаат тоа да го проценат, се вели во реакцијата од Општина Охрид.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close