Петкоска: Власта на СДСМ промени тројца директори во Центар за култура „Григор Прличев“ и пак резултатите се катастрофални

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид.

Иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години.

Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат:

Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?

Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа?

Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“?

Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“?

Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери.

Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата.

СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседател на УЖ Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close