Колку дена се потребни да се одморите од одморот?

Истражувањата покажуваат дека после летниот одмор потребни ни се уште три дена за да се вратиме на обврските.

Многумина од нас дури и после враќање од годишниот одмор се чувствуваат уморни, бидејќи враќањето на секојдневните обврски после одморот никогаш не е лесно, пишува Daily Mail.

Баш поради тоа, потребни ни се најмалку уште три дена после годишниот одмор за да се вратиме во нормала, покажало истражувањето во Велика Британија во кое биле анкетирани 2000. луѓе кои отишле на одмор.

Анкетата покажала дека утринските обврски се најтежок дел при враќањето во рутина. Третина одговориле дека им е тешко да се навикнат на климатските разлики, додека поголемиот број изјавиле дека се чувствуваат анксиозно откако заминале на работа. Исто така, повеќе од 15% откриле дека не се радуваат што ќе се вратат дома затоа што повторно домашните обврски ќе ги пречекаат.

Истражувањето открило дека се потребни два ноќа за биоритамот да се врати во нормала.

Освен тоа, барем првите два дена од одморот луѓето сè уште размислуваат за работа, а тоа додатно им го нарушува одморот. Милиони преплашени Британци признале дека чувствувале приток поради тоа што одморот ќе им заврши, уште пред воопшто да тргнат на работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close