ChinaCoin наскоро во оптек

ChinaCoin, кинеската криптовалута наскоро може да се најде во промет. Тамошната централна банка соопшти дека нејзината виртуелна валута може да се каже е довршена, што значи дека може да се пушти во оптек.

Кинеските дигитални пари нема да бидат класична криптовалута, бидејќи ги разви Народната банка на Кина заедно со комерцијалните банки и нема да функционира како биткоинот.

Сѐ уште не се познати детали за кинеската дигитална валута.

Според она што досега е соопштено дигиталната валута треба да ја замени  готовината во оптек, но не и  орочените депозити што би создало кредитна сопсобност и би влијаело на монетарната политика. Дигиталната валута исто така би ја поддржала циркулацијата и интернационализацијата на јуанот.

Кинеската централна банка работи пет години на проектот – дигитална валута.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close