Нов пожар во Грција, на лице место 80 пожарникари, ангажирани и авиони

Голем пожар избил во шумскиот дел на грчкиот остров Евија. Евакуиран бил манастир, а на мештаните од три села им било кажано да бидат спремни за евакуација.

Пожарникарите утрово околу три часот биле известени за пламените јазици.

Како што пренесуваат грчките медиуми, на лице место биле 80 пожарникари со 39 возила, а ангажирани биле и четири авиони и два хеликоптера.

Димот стигнал и до Атина, додаваат медиумите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close