Социјалистите можат да му ги замрсат сметките на Салвини

Растурање на коалицијата и нови избори – тоа беше планот за Италија на шефот на деснорадикалната Лега. Но, не оди сѐ така брзо. Парламентот и претседателот имаат да кажат свој збор.

Шефот на Лега, Матео Салвини го помина викендот на плажа во јужна Италија. Таму тој веќе води силна изборна кампања и поход против поранешниот коалициски партнер, 5 Ѕвезди, кој има особено поддршка и повеќе гласачи од Лега во сиромашниот југ. Претседателот на Пет ѕвезди, Луиџи Ди Мајо, исто така не седи мирен и работи на план да спречи нови избори кои Салвини сака да ги изведе преку распад на коалицијата меѓу популистите. Ди Мајо им префрла на десните радикали од Лега дека ги изневерил Италијанците и единствено е заинтересиран за добри резултати по анкети, а не и за реформи и стабилна влада. Наводно, 5 Ѕвезди на Ди Мајо и опозициските Социјалдемократи преговараат да му дадат доверба на актуелниот премиер Џузепе Конте и со тоа да го минираат гласањето за недоверба на Салвини во Сенатот против шефот на владата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close