Седница за реформа на администрацијата, учество во воени мисии и вакцинација против грип

Владата денеска ќе ја одржи редовната 149-та седница на која што, на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на Република Северна Македонија и Република Франција во операцијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

Како што се наведува во соопштението од владината прес служба, на предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе се разгледаат информации за подготовка на Деветтиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година и информација за одржување на петнаесеттиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУи Република Северна Македонија којшто се одржа на 13 ноември 2018 во Скопје.

Министерството за здравство предложи точка на дневен ред со информација со Акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи без ограничување во однос на примањата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close