Осумнаесет години од Охридскиот рамковен договор

Пред 18 години на денешен ден е потпишан Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година.

Договорот, кој беше потпишан на 13 август 2001 година, осумнаесет години подоцна ја има поддршката од меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, но е предмет и на критики и оспорувања, особено во делот на рамковните вработувања.

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Подоцна во претседателката резиденција на Водно документот го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, и лидерите на СДСМ – Бранко Црвенковски, на ДПА – Арбен Џафери и на ПДП – Имер Имери. Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close