Обвинителството нема да дозволи мешање на политичарите во кривичните постапки

Јавното обвинителство укажува дека не е време за напади на институциите и оти нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите, преку соопштение испратено до медиумите.

– Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото – се наведува во соопштението.

ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет „Рекет“, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот. ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close