Водата во Охридското Езеро надмина 26 Целзиусови степени

Топлото време со речиси тропски горештини што деновиве ја зафатија земјата, не го поштедија ниту Охрид каде ретко се случува температурата на воздухот да надмине 30 Целзиусови степени под сенка.

Високите температури ја затоплија и водата во Охридското Езеро која на метар длабочина надмина 26 Целзиусови степени, што е над просекот иако се работи за најтоплиот период од годината, така што е мошне пријатна за капење и рекреација.

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Охрид, водата во Езерото е од прва односно втора категорија, што значи безбедна за спорт и рекреација.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close