Синоќа во Охрид со гала забава беше отворен новиот хотел и скај бар Sky Corner.

„Sky Corner“ го носи светскиот тренд на т.н. „руф топ“ угостителски објекти и е на врвот од истоимениот хотел кој се наоѓа на кружниот дек кај „Охридска Банка“.

Од терасата, но и од сите останати делови на двата ката каде е сместен барот и ресторанот се пружа неповторлив поглед на урбаната зона и стариот дел на Охрид со езерото. Погледот на градот посетителите го имаат скор од секој ден на „Sky Corner“ бидејќи двата ката на угостителскиот објект се затворени исклучиво во стакло, а ентериерот е дизајниран од врвни архитекти. Посебно е посветено внимание на осветлувањето кое исто така ќе е нешто ново во Охрид.

„Sky Corner“ ќе нуди квалитетна храна подготвена од врвни готвачи кои се обучени од врвни мајстори готвењето храна со „Мишелин ѕвезди“ кои претходно работеле и учеле во Скопје и Париз.

Хотелот „Sky Corner“ има 17 соби кои се опремени по концептот „ small luxury hotels “ и ќе се вистинска новина во понудата на Охрид, како заради атрактивната локација така и заради услугата и квалитетот кој ќе се нуди.

На приземјето на објектот ќе има и слаткара која ќе има уникатни продукти, тобако дел и понуда на врвни флаширани вина.

„Sky Corner“ е инвестиција на реномираната охридска компанија ИНФО БИРО која успешно работи во полето на информатиката повеќе од 20 години, а последните неколку години реализира серија инвестиции во Охрид, почнувајќи од најголемиот приватен спортски центар во градот ИБ ФИТНЕС, потоа угостителскиот објект „Корнер“ кој стана свратилиште за граѓаните на Охрид , а од вечерва ИНФО БИРО на Охрид му го нуди и „Sky Corner“ кој носи светски тренд во угостителската понуда на градот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close