Која е вистината? Бивш вработен вели ме избркаа затоа што не гласав за СДСМ, директорката пак обвинува тој крадеше

На социјалните мрежи, но и по медиумите стигнаа принт скринови од разговор на веќе избркан вработен од Јавно Претпријатие „Билјанини извори“ Охрид и директорката на ЈП. Тој тврди дека директорката на Јавното Претпријатие, Гордана Јованоска, го избркала  по изборите затоа што не гласал заедно со својата жена за кандидатот на СДСМ. Тој преку пораките докажува дека е избркан од работа бидејќи неговата жена не гласала за време на локалните избори во Охрид.

Неофицијално избрканото лице имало уште докази за закани кон него и дека  истите ќе ги обелодени.

Директорката пак на  Јавно Претпријатие „Билјанини извори“ Охрид Гордана Јованоска, со сосема поинаков став. Таа вели ова што најпрво го објави господинот Борче Мурџо, а потоа и веб портали е сосема различно од вистината за која што на Мурџоски не му го продолживме договорот.

„Имено тој до сега кај нас работаше со договор на дело и за неговата работа имаше еден куп престапи, не беше редовен наработа потоа се обидуваше на подкраднува на сите кои ги користеа нашите паркинзи затоа што тој работеше како наплатувач на паркинзите“, вели Јованоска.

Таа објаснува и настан, за кој што вели ја прелил чашата.

„На 31 јули една госпоѓа од Штип која сакала да пушти СМС порака тој и кажал, не не треба да пуштите порака ситемот е расипан, дајте ми 160 денари за 4 саати и јас ќе ја регулирам работата. Жената еден саат седела до колата, не добила никава сметка , не видела ништо на колата и таа се јави кај мене да се пожали и да види како да се регулира за нејзината кола да не и биде крената или да не биде санкционирана на друг начин.  Ги пуштив контролорите и тие ја увидоја  вистинската причина дека на госпоѓата со штипска регистарска таблица и се земени 160 денари, а не е ставана сметка, за што Борче Мурџоски признал дека парите си ги зел, ама не поставил сметка.  Ова не се случи еднаш туку неколку пати и цело Скопје знае дека истиот тој цело лето така работал и од таа причина ние од 1 август не му го продолживме договорот“, вели Јованоска.

Директорката со свој коментар и за пораките на месинџер.

„Тоа што го кажуваат дека тој бил од друга почитичка партија и дека јас сум го навела за изборите, нема никаква врска тоа е дел од разговор, каде тој самиот се нудеше дека ќе збира гласови, дека ќе гласа за СДСМ , на што јас воопшто не реагирав бурно, туку само да го испочитувам на неговиот месиџер. Таа е вистината. Ако сакате да ги подржуваме ваквите подкрадувачи на  паркинзи и сите граѓани да бидат на некој начин ограбувани нема проблем“, вели Јованоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close