(ФОТО) Притисокот на градоначалникот Ногачески и цркваа помогнаа противпожарното возило да остане во Велмеј

Откако жителите на Велмеј покажаа единство и направија блокада со која го сопреа против пожарното возило да замине од селото напнатата ситуација се смири. Месното население го подржаа и градоначалникот Зоран Ногачески и црковниот одбор. Багодарение на притисоците од нивна страна единственото против пожарно возило во текот на ноќта ќе ја следи ситуацијата со пожарот.

Инаку Општина Дебарца втор ден се соочува со страшен пожар кој зафатија шума во селото „Велмеј“.

„Утрово околку два часа пожарот го гаснеа два канадери, но, потоа, ни кажаа дека имаат забрана за летање и се повлекоа. Неофицијално, ни кажаа, дека ќе продолжат утре. Попладневно се обидовме да стапиме во контакт со Центар за управување со кризи, но никој не ни одговара на телефонските повици“, вели претседателот на месната заедница

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close