(ФОТО) Состојбата во Велмеј излегува од контрола, последната цистерна сака да си оди црквата и народот ја блокираа

Општина Дебарца втор ден стравува од страшните пожари кои зафатија шума во селото „Велмеј“. Очигледно жителите се оставени на милост и немилост сами да се справуваат со огнената стихија, откако предмалку и единственото противпожарно возило со пожарникари од Охрид им рекле дека ќе си замине.

Од Месната заедница велат дека се уплашени од огнот кој им се приближува кон куќите, но и револтирани од надлежните кои ги оставаат сами да стражарат во текот на ноќта.

Дополнителен страв за жителите на селото е и ветерот кој го шири огнот, па стравуваат дека во опасност се ставаат нивните живеалишта.

„Утрово околку два часа пожарот го гаснеа два канадери, но, потоа, ни кажаа дека имаат забрана за летање и се повлекоа. Неофицијално, ни кажаа, дека ќе продолжат утре. Попладневно се обидовме да стапиме во контакт со Центар за управување со кризи, но никој не ни одговара на телефонските повици“, вели претседателот на месната заедница

Инаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума. Гори шума со смрека и бор. Неофицијално зафатени е вкупна површина од околу 50 хектари.

 

    

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close