(ВИДЕО) Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна, огнот се приближува до првите куќи

Состојбата со пожарот во Дебрца станува алармантна. Огнот слегува кон селото. Жителите се екипираат и бараат помош. Огнот се приближува до првите куќи од селото. Жителите на Велмеј и Месната заедница бараат помош. Претпладнево огнот се гасеше и од воздух, но попладнево екипите заминале образложувајќи дека им треба одмор.

Во моментов на терен се противпожарните служби и екипи од Шумското стопанство.

Инаку пожарот избувна вчера во 10 часот во близина на каменолот кај селото Велмеј. Најпрво пожарот избил кај улишта со пчели кои изгореле, а потоа брзо се проширил на блиската шума. Гори шума со смрека и бор.

Posted by Tanaskoski Ricky on Monday, August 12, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close