Сведоштва на рибари: Ловевме шест тони риба, се заведуваа само два

ибари од Охрид кои работеле за старо-новиот концесионер на езерото, за „А1он“ сведочат дека и со одземена концесија фирмата „Пастрмка 2012“ лани ловела риби, по мрестот рибите не ги враќале во езерото туку завршувале во ресторан на еден од концесионерите, а на рибарите им биле исплаќани по едвај 3.000 денари месечно.
„А1он“ веќе објави дека нов концесионер на езерото, кој незаконски ја доби концесијата, е фирма чиј газда е тесно поврзан со стариот концесионер. Новиот концесионер, Милорад Чавкоски, сега сопственик на фирмата „Летница – Белвица“, е сè уште управител и на „Пастрмка – 2013 Струга“, која, пак, е подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која лани ѝ беше одземена концесијата за езерото поради непорибување и неисплатени обврски кон државата. Рибари од рибното подрачје Струга, каде што надлежен бил Чавкоски, сведочат дека одземањето на концесијата не го спречило ловот. Според нив, концесионер цело време е Чавкоски, оти тој им ги издавал наредбите за ловење, а со него се договарале и за плата. Рибарите побараа новите имиња и лица да не бидат објавени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close