Вистинско освежување по најпосетените Рим, Милано, Фиренца …

Матера, градот познат по неговите камења, се наоѓа во регионот Базилика токму онаму каде што започнува потпетицата на италијанската чизма. Овие камења, во Италија познати како „саси“, не се огромни како оние во Стоунхенџ. Тие се првите знаменитости во јужна Италија заштитени од УНЕСКО во 1993, и се двете антички области кои го сочинуваат големиот историски центар на градот, а се гравирани во варовнички карпи.

Куќи, улички, бунари… Цели парчиња историја лежат во овие камења кои го опкружуваат најстариот населен предел во Матера, познат како Чивита.

Ако ги посетите овие „саси“ ќе откриете еден испреплетен урбан систем кој се наоѓа на ритчиња со поглед кон долината Гравина, што придонесува за спектакуларниот пејзаж на Матера. Ова е местото кое Мел Гибсон го одбрал за неговиот филм „Пасија“.

Камените живеалишта, црквите, улиците и камбанариите ќе ви го одземат здивот.

Двата кварта Рионе Сасо Баризано и Рионе Сако Кавеозо, се визуелни претставници на долговековната историја на која можете да бидете сведоци при разгледувањето на многуте необични детали. А има многу што да се види во Матера, која се наоѓа на 400 метри надморска височина.

Прво, можете да ја видите романескната катедрала во Пјаца дела Чивита која датира од 13-тиот век и каде има дрвени статуи и уметнички дела од локални артисти. Потоа, Палацо Ланфранки од 17-тиот век кој сега е дом на музејот за средновековна и современа уметност и изобилува со уметнички дела од 17-тиот и 18-тиот век, како и дрвени скулптури и различни уметнички традиционални предмети типични за областа.

Тука се и многубројните цркви почнувајќи од Сан Франческо д’Асиси, која е изградена на подземна античка базилика и може да се посети преку врата која води до капелата. Не смее да се пропушти ниту замокот Трамонтано, кој датира од раниот 16-ти век и служел за одбрана на градот. Станува збор за огромна структура изградена на светол камен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close