Добил подарок БМВ, а сакал Јагуар – па го турнал во река

Неименуван Индиец бил толку разочаран од автомобилот што го добил како подарок за роденден од неговиот татко, што решил да направи радикален потег.

Момчето (22) добило БМВ во вредност од околу 49 000 долари од неговиот татко, но сакал Јагуар, кој чини нешто повеќе. Тој бил толку разочаран и лут што го турнал новиот автомобил во една река во северната индиска држава Харајана, јави „Кликс.ба“.
Полицијата започна истрага за целиот случај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close