Портокалова фаза во земјава – како да се заштитиме?

Викендов во земјава прогласена портокалова фаза. Граѓаните излегуваат само доколку мораат што допринесе улиците да се празни. Докторите даваат совети како да се бориме со високите температури. Препорачуваат:

„Повеќе лесна храна, овошје и зеленчук, повеќе течности, најдобро обична вода. Да се носи лесна и светла облека, заштита на главата со капа и очила за сонце“.

Посебно да се внимава на големите температурни разлики, особено при влегување во автомобил што е прегреан, но се упатува и предупредување до возачите бидејќи високите температури влијаат на концентрацијата при управувањето на возилото. Превенцијата е  клучна, потребно е да се преземат одредени мерки на заштита на населението, особено во најкритичниот период, од 11 до 16 часот.

Во Македонија УВ индексот е 9, на само две единици од екстремно висок индекс кој се регистрира во земјите блиски до Екваторот. Високиот УВ индекс го зголемува ризикот од оштетување на кожата.

Високиот УВ индекс, во моментов е проследен и со многу високи температури, кои влијаат на целокупното здравје на луѓето и претставуваат особено голем ризик фактор за постарите лица, хронично болните, трудниците и малите деца. Тоа резултираше со зголемен број на повици и интервенции во итната помош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close