Георгиески: Овие празнични денови нека поминат во радост, со добра мисла, мирољубивост и толеранција

Во мое лично име и во името на Општина Охрид, на сите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот празник Курбан Бајрам, со желби за среќа, благосостојба и духовен мир.

Овој верски празник е симбол на солидарноста, па затоа посакувам да биде еден убав мотив за поголемо меѓучовечко разбирање, почитување и хармонија. Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и да го јакнеме соживотот. Посакувам вербата во бога да не води на вистинскиот пат и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид.

Овие празнични денови нека поминат во радост, со добра мисла, мирољубивост и толеранција, се вели во честитката на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close