Во Охрид не е се така црно, Гробиштата станаа „светла точка“.

Гробиштата во Охрид финансики оживејаа.

Ј.П. Градски Гробишта во Охрид годинава доживува вистинска финансиска преродба и станува профитабилно претпријатие.

Прептријатието во 2017 година имало загуба од околу 3.000.000 денари, за во 2018 година да оствари добивка од околу 2.300.000 денари.

Но изненадува позитивното салдо кои го остварува годинава кога во првите шест месеци од 2019, остварило добивка од 4.170.000 денари.

Според директорот на претпријатието Ванчо Костоски, зголемената добива не произлегува од умирачки, туку се должи на намалените цени на тендери кои во 2019 се намалени за околу 30 % и зголемениот обем на работа со општина Охрид кој пораснал на 6 милиони денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close